А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Велес одбележан Денот на Црвениот крст и доброволното дарување крв

by А1он16/03/2018 - 14:04147
Share0

Опшинската организација на Црвен крст во Велес денеска го одбележа претстојниот празник, 17 март Денот на Црвениот крст на Република Македонија и Ден на доброволното дарување крв.

Следете a1on на Instagram Instagram

Трансфузиологот и активст Славе Јорданов, во своето обраќање, потсети дека веќе 40 години ООЦК од Велес е меѓу трите најуспешни во државата.

– Во 2017 година собрани се 4.110 крвни единици со што планот од 1.861, е остварен со 220,84 проценти. Посебно радува фактот што се зголемува бројот на крводарителите жени од кои лани се собрани 804 крвни единици или 19,56 проценти од вкупниот број. Важно е да се истакне дека 67 проценти од крводарителите се млади до 30 години, а првпат крв дарувале 571 дарител од кои најголем број средношколци од велешките училишта преку организирани акции за доброволно дарување крв, потенцира Јорданов.

Во знак на благодарност, унапредување и омасовување на крводарителството за 2017 на свеченоста им беа врачени благодарници на Металната индустрија „БРАКО“ од Велес, на ООУ„Блаже Конески“ од Велес на Основната организација на Црвен крст од Населба Градско и на Елизабета Николовска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Воедно десетмина крводарители добија плакети за 50 пати дарувана крв. За 75 пати дарувана крв плакети добија крводарителите Даниел Митев, Слободанчо Петрушев и Тодор Хаџиристов. За 100 пати дарувана крв плакети добија Димче Арсов, Звонко Карталов и Петре Митревски.

veles

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он12/09/2026 - 14:19

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on09/09/2026 - 18:47

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Горан Наумовски13/07/2026 - 17:36

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 14:29

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски31/03/2026 - 15:2431/03/2026 - 15:28

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео