Во Велес на шест локации поставени велосипедски станици, се подготвува и седмата

Од:

Општина Велес неделава на шест локации во цетралното подачје на градот – две кај кафулињата, по една кај гимназија и економска, кај судот и библотеката постави велосипедски станици.

Како што информираат од Општина Велес, се подготвува и седмата локација со бетонска подлога, а по што ќе се постави и оваа велосипедска станица во Градскиот парк.

Од Општина Велес најавуваат дека во наредните денови ќе постават уште четири вакви велосипедски станици во градот.

Инаку пред десетина дена во рамки на Европската Недела на мобилност тие со помош на ЈКП „Дервен“ кое ги изработува и ЗГ „Велес Бајкинг“ со кое се конултираат за локациите, Општина Велес веќе постави пет вакви велосипедски станици,в градот.

Од Општина Велес појаснуваат дека нивното поставување во се’ поголем број го иницира фактот што се поголем број на граѓани на Велес, а што е за пофалба, наместо автомобил користат велосипед.

-Поставувањето на велосипедските станици овозможува подобрување на велосипедската инфраструктура и условите за користење на велосипед, Целта е и понатаму поттикнување што поголем број граѓани, особено младите, да го користат велосипедот како основно превозно средство, велат од службата за информирање на Општина Велес.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов

Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес