Во Велес легализирани 5.350 дивоградби

Од:

Oд донесувањето на Законот за легализација на дивоиградените објекти, до општина Велес поднесени се вкупно 9.477 барања за легализација. Од нив 7.864 се барања поднесени во првиот рок за легализација, а останатите 1.613 се во вториот рок кој истече на 31 март 2016 година. Досега се легализирани вкупно 5.350 дивоизградени објекти, информира на денешната прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев.

– Тоа практично значи дека во Велес имаме 5.350 објекти кои не се дивоградби и нивните сопственици сега имаат законско право на користење на личниот имот. Тоа значи дека дека 56,45 проценти од барањата за легализација се веќе завршени, истакна Чадиев.

Воедно појасни дека причината поради која голем дел од барања не се целосно завршени е затоа што се чекаат елаборати, а во одреден број случаи недостигало мислење од надлежен орган, пресметки, некомплетна документација…

– Сакам да апелирам до граѓаните кои поднеле барање за легализација во вториот рок, дека имаат временска рамка до крајот на годинава да приложат елаборат. Токму недостигот на елаборати најмногу го кочи процесот на легализација, појасни Чадиев.

Според него, легализацијата на дивоизградените објекти во градот е процес на кој општина Велес му придава големо значење. Со оваа можност, рече, многу граѓани и семејства за 1 евро по метар квадратен можат да ги легализираат нивните објекти за семејно домување кои кои од различни причини биле изградени без потребна документација.

Информира и дека по завршувањето на легализацијата ќе се пристапи кон втората фаза, а тоа е внесување во деталните урбанистички планови на сите бесправно изградени, а сега веќе легализирани објекти.

– Само така ќе имаме и вистинска слика за состојбата со инфраструктурата и за потребата од нејзино проширување, потенцира Чадиев.

Би можело да ве интересира

Четворица меѓу кои и седумгодишно дете залутале на опасен терен меѓу Кожле и Велес, во тек е спасувачка акција

Поведена постапка за загрозување на сигурноста во Велес, осум дена притвор за осомничениот

Предраг Петровиќ

„Се продава културно заградено место до река“: Жител во дивата населба на Бабуна продава плац кој не може да се легализира

Орце Костов

Дете прегазено во Велес, пренесено во скопските Клиники

А1он

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов