Во Велес лани намален бројот на прекршочни пријави против малолетници

Од:

Во Велес во 2018 година полицијата поднела барање за поведување прекршочна постапка против 39 малолетници, што споредено со 2017 година е намалување за 7,2 проценти кога имало 42 прекршочни постапки за детското престапништво.

Како што појаснува за МИА Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес, тоа се должи на континуираните превентивни мерки кои ги превзема СВР Велес.

-Тие се во насока на континуирано одржување на голем број предавања, трибини и разговори со младите на оваа тема за тоа што е детско претстапништво и како тие да не дојдат во судир со полицијата и законот, за својата енергија да ја насочат кон вистинскиот пат и успех во животот, потенцира Додевски.

 

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов