Во Велес ќе се градат две бензиски пумпи

Од:

Градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев на денешната прес конференција информира дека Општина Велес веќе го објавила огласот за двете бензински пумпи кои треба да бидат изградени од вкупно девет долж „Коридорот 10“ во Македонија.

Едната со површина од 50.000 мeтри квадратни е во месноста „Ветерско“ а другата со големина од 40.000 метри квадратни е во месноста „Чолошево“. Почетната цена е 200 денари за метар квадратен, а огласот ќе трае до 27-ми август, кога ќе се избере најповолниот изведувач.

Општина Велес со продажбата на овие две локации за бензински пумпи ќе добие финансии од продажбата и од комуналиите, ќе се отворат и нови работни места, а ќе овозможат и за развој на туризмот долж многу значајниот Коридор 10, потенцира градоначалникот Славчо Чадиев.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски