Во Валандово се градат и санираат улици

Од:

Општина Валандово почна активности во летниот период согласно годишната програма за изградба и реконструкција на локалните патишта и улици кои ќе се одвиваат до крајот на идниот месец поради поволните временски услови за нивно изведување.

Од општината соопштија дека активностите предвидуваат целосна изградба на девет градски сокаци како и санација на оштетените делови од неколку градски улици со што ќе се овозможи поефикасно и побезбедно одвивање на сообраќајот.

Градежните работи на сокаците и улиците во Валандово ќе се изведуваат според договор кој е склучен на претходно спроведена јавна набавка. Работите треба да завршат во рок од четириесет дена и ќе ја чинат општината околу 2,5 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Никнува бугарски клуб во Валандово со претседател Македонец: Мислат дека сум се продал за пари

Орце Костов

Приведен маж кој се самозадоволувал на селски пат

Битиќи и Лукаревска на Бизнис форум во Валандово: Заедно се справуваме со предизвиците

А1он

(ВИДЕО) Заев: Костадинов е првиот потврден кандидат за градоначалник од СДСМ за Валандово

Мери Јордановска

Валандовец на Велигден силувал роднина од градот

Жарко Настоски