Во трите струмички средни училишта запишани 775 ученици

Од:

По двете пријавувања, во трите средни општински училишта во Струмица, од планираните (по конкурс) 1.282, досега се запишани 775 ученици, па за августовскиот уписен рок, остануваат слободни 507 места.

Во СОУ „Јане Сандански“, од потребните 374, во прва година се запишани 249 ученици, при што остануваат уште 125 слободни места.

Во СОУ „Димитар Влахов“, од истиот планиран број на ученици, во јунскиот уписен рок се запишале 230, а за во августовскиот уписен рок остануваат уште 144 слободни места.

Во СОУ „Никола Карев“, според конкурсот за упис во прва година, планирани се 534 ученици. Досега во ова училиште се запишале 296 ученици, па за августовскиот уписен рок остануваат уште 238 слободни места.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ