Трговската размена меѓу Македонија и Албанија не е на посакуваното нивo и треба да се интензивира преку поблиски средби и соработка на стопанствениците, заклучија на денешната работна средба во Тирана, министерoт за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и албанскиот министер за земјоделство, рурален развој и управување со водите, Едмонд Панарити.
Двајцата министри, информираат од МЗШВ, договорија соработка во повеќе области и ја оценија средбата како успешна.
Албанската страна изрази интерес македонското Министерство за земјоделство да го сподели досегашното искуство со нивното Mинистерство во процесот на евроинтеграциите како земја која е во понапредна фаза од тој процес, што беше прифатено од македонска страна.
Албанскиот министер Едмонд Панарити предложил нивно вклучување во македонската акција „ Ден на дрвото“ со пошумување на меѓуграничен појас.
На средбата беше договорено наскоро да се состане мешовита работна група која ќе изготви план на активности, временска рамка и институции (сектори/управи) за реализирање на планираните иницијативи.