Во тетовско приведени две лица откако кај нив била најдена дрога

Од:

Две лица од Тетово и Џепчиште се приведени ноќеска откако кај нив била најдена дрога. Полицијата извршила контрола кај нив околу 21:30 часот во селото Горно Седларце.

-Полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода Ј.З.(23) од Тетово и М.М.(30) од с.Џепчиште, тетовско, затоа што при преглед кај нив и во возилото „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана, информира МВР.

По приведување во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват