Во тетовско Порој пронајдени и одземени оружје и муниција

Од:

Поголемо количество оружје, муниција и друга опрема одзела полицијата при претрес на две куќи во тетовското село Порој во рамки на оперативните активности на СВР Тетово за расветлување на неколку разбојништва извршени во регионот во текот на оваа година, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

– При вчерашниот претрес на куќата на И.А.(20) во Порој што бил реализиран со соодветна судска наредба, полициски службеници во плакар во една од собите пронашле автоматска пушка завиткана во крпа, две рамки со вкупно 38 куршуми калибар 7,62 милиметри, ловечка пушка калибар 12 милиметри , ремен со 11 патрони, 7 куршуми за „Магнум“ 357, метален пендрек, гумена полициска палка, 16 искористени СИМ-картички и оружен лист на име А.А (73). Сето пронајдено со потврда е одземено и фотодокументирано, а Ш.А (41), мајка на И.А, кој за време на претресот не бил во куќата и кој е во бегство и се бара, приведена е во СВР Тетово, рече Јосифовски.

Јосифовски посочи дека вчера бил извршен претрес и во куќата на А.К (28) од истото село при што биле пронајдени пиштол „Шадлер“ со 16 куршуми калибар 7, 62 милиметри, две торби со 6 гранати за рачен ракатен фрлач калибар 40 милиметри, една чаура со таков калибар, двоглед, автоматско оружје од непозната марка и калибар од југословенско производство, гасен пиштол „Екол-туна“ калибар 6,35 милиметри со четири куршуми, еден придушувач, 6 мобилни телефони, фантомка, неколку парчиња облека и обувки.

По целосното расветлување на сите поединости поврзани со овие претреси, најави Јосифовски, против И.А и А.К, кои од порано им се познати на службите на СВР Тетово по нивната вмешаност во криминални активности ќе следуваат соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи