Во тетовски бутици одземени фалсификувани текстилни производи

Од:

Во акциска контрола на полицијата и Државниот пазарен инспекторат на пет бутици во Тетово вчера се одземени 133 парчиња текстилна стока и обувки во вкупна вредноста од над 150 илјади денари, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово марјан Јосифовски.

Контролите на бутиците што се наоѓале на различни места во центарот на Тетово биле спроведени за утврдување на повреда на правото на индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма.

Одземените производи се фотодокументирани, изготвени се записници и по целосното расчистување на сите поединости околу тоа каде биле набавувани, како и по кои цени се продавале, против сопствениците на бутиците ќе следуваат соодветни пријави, истакна Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар