Во тетовска Брвеница повеќе од 12 часа нема струја

Од:

Делови од тетовското село Брвеница втор пат за една недела над 12 часа немаат снабдување со електрична енергија. Поради дефект од 23 часот синоќа е во прекин снабдувањето со електрична енергија.

– До кога ќе се си играат со струјата во Брвеница. Пред три дена немаше повеќе од 10 часа, сега пак. Ноќеска на десетина пати се прекинуваше и снема струја со часови. Поради неработење на фрижидерите се расипуваат производите, како во домаќинствата така и во продавниците, се пожалија мештаните.

Од електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија велат дека за прекинот во снабдувањето синоќа во 23 часот проблемот е во подземен кабел. Се лоцира со мерна кола, потоа треба да се копа, па да се санира дефектот.

– Во Брвеница настанал дефект на подземен кабел. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот, информираше портпаролот на ЕВН Македонија Вјоса Селими.

Првиот дефект се случил во вторникот, 11 јули околу 11 часот, а бил отстранет во текот на вечерните часови.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

ДИК: До 18:30 излезеноста 44,57 отсто, гласале 7.241 избирачи

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи