Во Тетово за девет месеци 593 сообраќајки и седум загинати

Од:

Седум загинати во вкупно 593 сообраќајни несреќи регистрирала полицијата на поширокото тетовско подрачје во изминатите девет месеци од годинава, што е намалаување на бројот на сообраќајки за 17 во однос на истиот период лани кога загинале 10 лица, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Од жртвите двајца се возачи, тројца биле сопатници, еден е пешак и еден мотоциклист. Од останатите статистички податоци во 42 несреќи со тешки телесни повреди се задобиле 44 лица, во 244 несреќи со лесни повреди завршиле 477 лица додека во 301 несреќа причинета е само материјална штета што вкупно се проценува на околу 24 милиони денари.

– Најголемиот број од несреќите се случиле на тетовските улици, потоа на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и околните регионални патишта Тетово-Пирок и Тетово-Волковија. Најчеста причина за несреќите и особено за оние со најтешки последици, повторно е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење (170), неправилно вршење дејствие (131), 90 од несреќите биле последица на излегување од коловоз, 46 биле предизвикани од животни, претежно од кучиња-бездомници, а во 57 непосредни учесници биле пешаци, рече Јосифовски.

Истовремено, Јосифовски посочи дека за истиот период од девет месеци од страна на полицијата вкупно биле контролирани 36.100 возила од кои 12.047 биле нерегистрирани и технички неисправни, биле откриени 1.436 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит, 902 возачи-почетници, 68 со несоодветна категорија и 45 со важечка забрана за управување.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ