Во Тетово специјалци уапсија осуден убиец што ѝ бегал на полицијата 12 години

Од:

Полициски специјалци попладнево во центарот на Тетово приведе осуденик кој се барал со меѓународна потерница уште од 2008 година.

„На 14.12.2020 година во 14:50 часот, полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги со асистенција на Единицата за специјални задачи на ул.„Страшо Пинџур“ бб го приведоа Г.Е.(43) од Тетово кој се барал со меѓународна потерница од 2008 година од Основен суд Тетово, за издржување затворска казна од 6 години и 5 месеци затвор во врска со член 123 ст.1 од КЗ на РСМ, а се барал од 2008 година,“ се вели во соопштението од Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он