Во Тетово се трага по 6-годишно девојче и 61-годишен маж

Од:

Во текот на силното невреме, проследено со обилен дожд, електрични празнења и ветер, што од 18 до 19 часот го зафати поширокиот тетовски регион, четири лица го загубиле својот живот, а се уште се трага по едно девојче на возраст од околу 6 години од Шипковица и Р.Ј. (61) од Лисец кои засега се водат како изчезнати.

Полицијата го објави идентитетот на жртвите кои вчера настрадаа од поплавите во Тетовско. Во невремето настрадаа Хашим Ф. (83), А.М. (14), две деца, едното на возраст од седум години од Тетово и другото дете на возраст од една и пол година, сите од Шипковица. Безживотните тела на Х.Ф., А.М. и детето на возраст од една и пол година пронајдени се во Шипковица, додека безживотното тело на седумгодишното дете е пронајдено во Голема Речица.

Во вчерашното невреме, исто така со тешки и телесни повреди се задобиле и 11 лица, најмногу од селата Шипковица, Селце, Џепчиште и Мала Речица. Дел од нив се задржани во тетовската клиничка болница за натамошна опсервација, а дел се пуштени на домашно лекување.

Невремето, покрај другото, придонесе и да се излеат повеќе реки во подножјето на Шар Планина, а предизвика и значителни материјални штети. Оштетени се повеќе објекти и автомобили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ