Во Тетово помен парастос за митрополитот Кирил

Од:

Свештениците на тетовското архиерејско намесништво на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија денеска во соборниот храм Свети Кирил и Методиј во Тетово отслужија помен парастос за упокоениот митрополит Полошко-кумановски господин Кирил.

По тој повод и камбаните на храмот бијат на секој час, а знамињата на МПЦ и на Македонија поставени во црковниот двор се на половина копје.

– Дедо Кирил беше меѓу најголемите бранители на Светоклиментовата црква и нејзиниот свет Устав. Не дозволуваше до последниот здив од својот живот ниту едно туѓо влакно или валкана прашина да падне врз животот и делото на МПЦ, ниту на нашата света држава Македонија, рече во своето обраќање старешината на црквата „Свети Кирил и Методиј“ прота Предраг Исаевски.

Во црквата беше отворена и книга на жалост во која се потпишуваат многубројни верници.

– Тој беше човек што беше пример како треба да се сака својата нација, својата црква и сите свои сограѓани, рече членот на Црковниот одбор Ивица Зориќ.

И жителите и верниците од Тетово сметаат дека митрополитот Кирил има дадено голем придонес во формирањето и развојот на црквата.

Утре во 8 часот во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ ќе биде отслужена заупокоена света божествена литургија.

Митрополитот Кирил 26 години ја водеше Полошко-кумановската епархија во која се опфатени архиерејските наместништва во Тетово, Гостивар, Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Тој беше главен потписник од свештенството на Македонија за автокефалност на црквата.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски