Во Тетово одбележан Светскиот ден на дијабетесот

Од:

Здружението на дијабетичари од Тетово денеска по повод 14 ноември – Светскиот ден на борбата против дијабетесот организираше бесплатно мерење на шеќер во крвта. Акцијата се спроведе во Домот на пензионери во Тетово, а имаше голем одѕив од граѓаните.

Претседателот на здружението Душко Игневски изјави дека просечно на ваквите мерења околу 15-тина граѓани откриваат дека имаат покачено ниво на гликоза, а тоа дотогаш не го знаеле  и тие се советуваат да побараат соодветна лекарска помош.

– Сакаме да им овозможиме на граѓаните да го измерат своето ниво на шеќер во крвта и доколку на нашето мерење резултатите покажат зголемено ниво им препорачуваме да извршат дополнителни мерења во медицинските институции така што нашата активност дава ефект за навремено откривање на дијабетесот и преземање на потребните мерки за граѓаните, истакна  Игневски.

Според податоците на Здружението на дијабетичари од Тетово во овој регион има околу 3.000 пациенти со инсулинска терапија кои секој месец доаѓаат да подигнат инсулин во аптеката во Килиничката болница Тетово,  а дополнителни  над 10.000 лица земаат теблети во справувањето со оваа болест.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии