Во Тетово највисоки критериуми за упис во медицинското училиште

Од:

Најмногу поени за запишување во едно од шесте општински средни училишта во Тетово се потребни за во средното општинско медицинско училиште „Никола Штејн“. За упис на еден од профилите – општа насока, фармација, стоматолошки техничар, лаборант или физиотерапевт потребни се 70 поени.

-Помалку поени за упис во ова училиште потребни се за смеровите козметичар со 45 поени и негувател со 35 поени. Во двете гимазнии и економското уччилиште се потребни по 60 поени за упис. За уписи во средните стручни училишта во зависност од профилите се потребни од 35 до 45 поени, само во профилот електротехничар за компјутерска техника и автоматика во ССОУ „Моша Пијаде“ се потребни 60 поени, истакна Ахмед Ќазими, раководител на Секторот за јавни дејности при општина Тетово.

Претставникот на општинската администрација потврди дека се преземени сите протоколи за заштита на здравјето на вработените во училиштата и учениците.

-Се почитуваат строгите протоколи за работа и зачувување на здравјето, со одржување ред, растојание од два метра, користење визири и ракавици за заштита на вработените, користење дезинфекциски средства и слично. Исто така, при поднесување на документите овозможен е влез само на ученикот или неговиот родител/старател, со носење задолжителна заштитна опрема на лицеето, рече Ќазими.

Основно училиште во тетовскиот регион завршиле 2060 деветоодделенци, но се очекуваат помалку запишани во средните училишта.

-Очекуваме запишување од 1800 до 1900 ученици во трите наставни јазици, македонски, албански и турски. Основно училиште завршиле 2060 полуматуранти, но помал број се очекува затоа што еден дел ќе одат во приватни, верски или училишта надвор од Тетово. Со оглед дека годинава трите пријавувања за упис се во јуни, полуматурантите сега треба да направат избор согласно со условите кои ги исполнуваат затоа што во август нема да има можност за запишување, потенцира раководителот Ќазими.

Минатата година во трите уписни рокови во средните училишта во Тетово се запишани 1315 ученици, од кои 993 на албански наставен јазик, 297 на македонски и 25 на турски. Денеска и утре е првото пријавување во јунскиот уписен рок, а следните се на 24 и 25 јуни и на 29 јуни.

Би можело да ве интересира

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени