Во Тетово кампања „Жените буџетираат“

Од:

Невладината организација Акција Здруженска од Скопје денеска спроведе улична анкета насловена „Жените буџетираат“ во рамките на кампањата околу користењето на јавните финасии во општина Тетово. Според Соња Хаџи Николов од Акција Здруженска јавните финасии не смеат да бидат забранета зона за жените.

– Нашите податоци покажуваат дека во буџетот на општина Тетово има 8,4 милиони денари наменети за разни трансфери за кои не може точно да се утврди за што ќе се потрошат. Затоа ги прашуваме жените од Тетово да предложат свои приоритети за што би требало да се искористат овие пари.Најмногу од нив предлагаат да се искористат за вработување и намалување на сиромаштијата кај жените и младите, инфраструктурни проекти и слично. Забележливо е тоа што голем дел од жените не се интересираат за јавните финасии и треба да се поттикнуваат да учествуваат во овие процеси, изјави Хаџи Николов.

Општата цел на проектот е да го унапреди третманот на родовите прашања во буџетското планирање на локално ниво. Кампањата на Акција Здруженска се спроведува и во Дебар, Гостивар, Куманово, Свети Николе и Битола. Во Тетово активностите беа поддржани и од локалното здружение „Женски форум“.

Би можело да ве интересира

Вработена во казино лажела дека била ограбена

Не е почнато навреме гласање на едно место во Тетово поради апаратот за идентификација

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско