Во Тетово кампања за борба против трговијата со луѓе

Од:

Невладината организација Отворена порта Ла Страда, денеска започна со едномесечна кампања во обид повторно да го актуелизира прашањето за трговија со луѓе. За таа цел тие под мотото „Што гледаш? Биди нивниот глас!“, организираат караван за борба против трговијата со луѓе низ средни училишта во неколку градови низ Македонија што започна денеска во Тетово.

– Кампањата ја организираме за да ја подигнеме свеста и да ги охрабриме оние кои што се засегнати од овој проблем. Колку и да изгледа неверојатно, трговијата со луѓе сè уште постои во модерното општество. И покрај сите напори за да се спречи таа е реалност во Македонија, изјави проект координаторот од Отворена Порта Стојна Атанасовска Димишковска.

Според неа, последните истражувања покажуваат дека бројката на лица со кои се тргува е многу поголема од официјалната.

– Лани кај нас шест лица биле идентификувани како жртви на трговија со луѓе додека во соседните држави таа бројка изнесува од 100 до 150 лица. Најголем дел од жртвите на оваа трговија со луѓе се жени и девојчина. Сите шест жртви во Македонија се од женски пол, три од нив се малолетнички а три се возрасни, пет имаат македонско државјанство а една странско и пет од нив биел сексуално експолатирани а една била принудена на брак. Ова покажува дека ние сме земја на потекло, но и транзит и дестинација за трговија со луѓе и затоа сакаме да ги споделиме овие информации за да придонесеме за спречување и пријавување доколку се забележи оваа појава, изјави Атанасовска Димишковска.

Покрај трибини со средношколците како една од најранливите категории во оваа појава низ државата од Отворена порта најавија дека во рамките на проектот ќе се делат соодветни пропагандни материјали низ пофреквентните места низ градовите, ќе побараат вклучување на јавни личности во активностите а на повеќе веб портали ќе објавуваат вистински приказни од жртвите на трговијата со луѓе.

Постојано отворен е и нивниот бесплатен телефонски број 0800 11111 каде сите граѓани можат да пријават случаи на трговија со луѓе Активностите треба да завршат на 18 октомври што се одбележува како Европски ден против трговијата со луѓе.

Би можело да ве интересира

Стејт депратмент: Северна Македонија не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

ЕК: Повеќе од 7.000 луѓе се жртви на трговија со луѓе во ЕУ секоја година

А1он

Oткриени повеќе од сто можни случаи на трговија со луѓе во Белгија

А1он

Стејт департмент: Македонија не ги исполнува до крај минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе

Во Централна Америка уапсени 45 шверцери на луѓе

Светски ден за борба против трговија со луѓе: Во С. Македонија трговијата со луѓе за сексуална експлоатација е доминанта форма, се реактивираат Мобилните тимови

Ана Ололовска