Претставници на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска во Тетово организираа дебата на тема „Медиумите, изборите и улогата на саморегулацијата“.
Тие зборуваа за значењето и перспективите на саморегулацијата како и за досегашните искуства на Советот за етика и соработката со слични тела во меѓународни рамки.
Во рамките на дебатата и дискусијата беа претставени најчестите тенденции на прекршување на стандардите во известувањето, особено за време на изборниот период во државата како и за начините на кои дејствува СЕММ во врска со случаите на непрофесионално и неетичко новинарство.