Во текот на вчерашниот ден санкционирани 65 возачи во Штип

Од:

Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани вкупно 65 санкции за возачи на територија на Штип.

Во соопштението од Министерството за внатрешни работи стои дека во период од 8 до 16 часот Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип на автопатот Штип – Миладиновци од клучка Три чешми до клучка Преод, спровела контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, притоа биле откриени 23 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Во текот на истиот ден во период од 7 до 13 часот на подрачјето на Штип, притоа биле преземени 42 мерки меѓу кои седум за технички неисправни возила, шест за управување возило без положен возачки испит, 10 за непрописно паркирање и 19 останати прекршоци. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ