Во текот на продолжениот викенд 41 сообраќајка во Скопје, три лица потешко повредени

Од:

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 41 сообраќајна незгода, од кои во три со тешки телесни повреди се здобиле три лица.

Во останатите 17 со полесни повреди се здобиле 28 лица, а 21 сообраќајка поминале само со материјална штета.

Како што информира МВР, во петокот сообраќајната полиција извршила увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои во пет полесно биле повредени осум лица, а шест поминале само со материјална штета.

Во саботата извршен бил увид во 10 сообраќајни незгоди. Во две од нив со тешки телесни повреди се здобиле две лица и две лица се здобиле со полесни телесни повреди. Во четири сообраќајки полесно биле повредени четири лица, а во четири била причинета материјална штета.

Во недела бил извршен увид на 10 сообраќајки. Во една од нив, едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а со телесни две лица, во три со полесни повреди се здобиле три лица, а шест биле со причинета материјална штета.

Вчера во Скопје бил извршен увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Во пет полесно се повредени пет лица, а во пет е причинета материјална штета.

Во текот на изминатите четири дена полицијата открила и санкционирала 17 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, 17 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи поминале на црвено светло на семафор, осум возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 82 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола или нерегистрирано. Биле затекнати и 83 непрописно паркирано возило.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 98 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ