Во тек средбата на Груевски и Заев со еврокомесарот Хан

Од:

Во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје веќе неколку часа траат разговорите на комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со лидерот на СДСМ Зоран Заев за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во Македонија.

На разговорите што почнаа претпладнето околу 9 часот присуствува и амбасадорот на ЕУ Аиво Орав. Премиерот Груевски е придружуван од шефот на неговиот кабинет Мартин Протуѓер и министрите за надворешни работи и за здравство Никола Попоски и Никола Тодоров. Заев, пак, на средбата со Хан дојде со Радмила Шекеринска и Петре Шилегов.

Засега нема никакви информации за текот и содржината на разговорите, ниту дали Хан разговара со Груевски и Заев одделно или на заедничка средба. Се очекува попладнево да им се приклучат лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Денешните разговори се продолжение на дијалогот започнат во Стразбур пред три недели, во кој посредуваа Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит. Во меѓувреме во Скопје се одржаа и три лидерски средби на кои не беше постигнат договор за начините за надминување на политичката криза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?