А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во тек подготовките за вториот круг од локалните избори на 29 октомври

by А1он21/10/2017 - 14:17201
Share0

Во рамки на Локалните избори 2017 година тече кампањата на кандидатите за градоначалници кои ќе се борат за глас повеќе во вториот круг што ќе се одржи на 29 октомври.

Добивај вести на вибер

Државната изборка комисија (ДИК), како што информираат од таму, се подготвува за печатење на гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список за општините каде што досега е потврдено дека ќе има гласање во вториот круг. Општинските изборни комисии (ОИК) работата согласно роковникот на ДИК за спроведување на вториот круг за гласање. Во тек е прием на известувања за болни и немоќни лица кои сакаат да гласаат на изборите. Рокот за поднесување на овие пријави истекува денеска на полноќ. Болните и немоќните ќе гласаат на 28 октомври во своите домови, на ден пред одржувањето на вториот круг од изборите.

Според заклучокот на ДИК, втор круг на локалните избори за градоначалник на 29 октомври треба да има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапчиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Долнени, Желино, Зрновци, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново Облешево, Штип и Шуто Оризари.

Точниот број општини каде што ќе има гласање на вториот круг од изборите ќе се знае во понеделник, откако ќе биде познат исходот од одлуките на Управниот суд за евентуалните тужби по решенијата на ДИК за приговорите за првиот круг од гласањето на локалните избори.

lokalni izbori

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Предраг Петровиќ30/11/2025 - 22:05

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Предраг Петровиќ02/11/2025 - 19:50

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

Горан Наумовски19/10/2025 - 23:34

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски19/10/2025 - 23:2319/10/2025 - 23:33

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски19/10/2025 - 22:5219/10/2025 - 22:54

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски19/10/2025 - 07:3219/10/2025 - 08:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен