Во тек огласот „Ало докторе“, досега пристигнати девет апликации

Од:

Министерството за здравство во рамки на програмата „Здравје за сите“ почна со подготовки за реализација на проектот „Телефонска линија за медицински совети – Ало Докторе!”.

За таа цел, соопшти Министерството, на 5 август беше објавен оглас за изразување интерес на доктори кои ќе работат во новоформираниот повикувачки центар.

На огласот досега пристигнаа девет апликации од различни специјалности во медицината, кои согласно критериумите треба да имаат најмалку 10-годишно работно искуство како доктори-специјалисти. На конкурсот може да аплицираат доктори кои се вработени во јавни или приватни здравствени установи, како и невработени или пензионирани доктори. Работата во повикувачкиот центар за докторите кои се во работен однос ќе се одвива надвор од работното време, стои во соопштението.

Огласот е отворен до 20 август и заинтересираните доктори можат да аплицираат по електронски пат на маил-адресата: [email protected].

Повикувачкиот центар, како што се наведува, ќе почне со работа од 15 септември и ќе обезбедува советодавни здравствени услуги, односно консултации и упатства за граѓаните при појава на симптоми за кои не е неопходен итен медицински третман (главоболка, настинка, покачена телесна температура, и сл.).

Телефонската линија ќе биде достапна седум дена во неделата, по 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација за граѓаните во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето, а воедно докторите ќе даваат медицински консултации и совети за правилна употреба на лековите, со акцент на лековите од ОТЦ-листата кои се достапни во продажба во супермаркетите и бензинските станици.

Докторите во повикувачкиот центар од „Ало Докторе“, ќе бидат поврзани и со националниот електронски систем „МојТермин“ и ќе можат да му помогнат на пациентот со известување за следните чекори во однос на извршената телефонска консултација, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции