Во тек конкурсот за стпендии за постипломски студии во Франција

Од:

Францускиот институт во Скопје информира дека е во тек конкурсот за стипендии за македонски студенти за постдипломски студии во Франција за академската 2016/2017 година.

Станува збор за вкупно шест стипендии што секоја година ги доделува Владата на Франција преку Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје.

Краен рок за пријавување е 30 април 2016, а се работи за студии на ниво Мастер и Докторат во различни области и специјализации од општествени, природни и технички науки.

Стипендијата е целосна и ги покрива трошоците за школарина, студентско здравствено осигурување, секојдневни животни трошоци. Стипендистите добиваат и дополнителни средства за купување книги, компјутери и друг неопходен материјал за нивното студирање, како и предност при сместување во студентски дом. Освен тоа, самиот статус на стипендист на француска Влада им овозможува да имаат и други бенефиции. 

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза