Во тек конкурсот за наградата „Жан Моне“ за 2015 година

Од:

Канцеларијата на ЕУ во Скопје потсетува дека е во тек конкурсот за наградата „Жан Моне“ за најдобри достигнувања во покривањето теми поврзани со ЕУ и со пристапувањето на Македонија кон ЕУ, и оти текстовите и фотографиите треба да се испратат на имејл-адресата JMcompetition@euic.mk најдоцна до 17 ноември 2015 година, до 14 часот.

Наградата „Жан Моне“ ќе биде доделена во три натпреварувачки категории за најдобар новинарски напис (за написи објавени во печатени медиуми и/или на интернет), за најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатените медиуми и/или на интернет) и за најдобра аматерска фотографија.

Творбите што ќе учествуваат во категоријата за најдобри новинарски написи се авторски написи за ЕУ и за пристапувањето на земјата кон ЕУ објавени во домашни весници, списанија и на веб-страници во периодот меѓу 16 ноември 2014 и 17 ноември 2015.

Конкурсот за најдобра репортерска награда (за фотографии објавени во печатени е отворен за сите професионални фоторепортери и фотографи од земјата, кои ќе може да испратат најмногу три (3) фотографии за теми поврзани со ЕУ, објавени во периодот помеѓу 16 ноември 2014 и 17 ноември 2015.

Конкурсот за најдобра аматерска фотографија е отворен за сите фотографи-аматери од земјата, кои може да достават една фотографија на тема поврзана со ЕУ или со пристапувањето на земјата кон ЕУ. Фотографиите што се натпреваруваат во оваа категорија може, но не мора да бидат претходно објавени.

Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 17 декември 2015 година.

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина