Во Теарце состанок за проект на УСАИД за климатски промени

Од:

Во општина Теарце денеска се одржа состанок на работната група во рамки на проектот на УСАИД – Општински стратегии за климатски промени што го спроведуваат Милиеуконтакт Македонија и Центарот за образование и развој Теарце.

Според координаторот на проектот Игор Спасовски, планирано е активностите да траат две години при што во септември идната година покрај изготвената Стратегија за справување со климатските промени треба да има видливи инвестиции.

За експертот по климатски промени Методија Димовски влијанието на климатските промени веќе има драматично влијание поголемо од предвиденото од пред 10 до 15 години.

– Доколку во Македонија не се преземат мерки за намалување на последиците од климатските промени во следните неколку години ќе дојде до намалување на приносите од земјоделските површини во источните и јужните делови на државата до 80 отсто. Во северозападниот дел состојбите покажуваат дека просечните температури во мај ќе се зголемат од 2 до 6 степени целзиусови додека, иако врнежите во најголема мера ќе се намалат, ќе има зголемување на врнежите од дожд во зимскиот период на сметка на врнежите од снег, изјави Димовски.
На денешниот состанок присуствуваат и градоначалникот Исен Асани, претставници од локалната администарција и земјоделци и сточари од тетовскиот регион.

Интегрираното справување со климатските промени е проект на УСАИД што ќе се спроведува во вкупно осум општини во Македонија. Како критериуми за избор на локалните самоуправи беше земено предвид колку општината е погодена од процесот на климатските промени, географската распределеност, бројот на населението и со што тоа се занимава.

Би можело да ве интересира

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов

Почнува летното сметање на времето