Во Свети Николе регистрирани шест дрски измами

Од:

Во писменото соопштение до медиумите портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова, истакна дека 78 годишна жена од Свети Николе поднела пријава бидејќи била измамена за сума од 2.000 евра.

Според соопштението на СВР Штип, 78 годишната жена пријавила дека лицето и се претставило како полициски инспектор од Скопје и ја известил дека наводно нејзината внука направила сообраќајна незгода во која загинало осумгодишно дете, и за да не оди во затвор и побарал 2.000 евра, кои требала да ги даде на лице кое веќе тргнало кон Свети Николе.

Пред нејзината куќа со такси возило дошло непознато лице кое ги зело парите, кои наводно требало да ги даде на полицискиот инспектор. Од штипската полиција информираат дека се работи во расчистување на случајот.

Од полицијата додаваат дека дека во периодот од 18 до 21 јануари во Полициската станица Свети Николе, пет лица од Свети Николе пријавиле обид за измами на сличен начин, за кои во тек е постапка за нивно документирање и расчистување.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски