А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во струмичките средни училишта ќе се отворат нови образовни профили

by А1он27/02/2018 - 12:47147
Share0

Во новата учебна 2018/2019 година во трите средни училишта во Струмица треба да се запишат вкупно 1.611 ученици распоредени во 38 паралелки.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова одлука ја донесе Советот на општина Струмица на денешната седма седница.

При тоа во средното образование од општините во Струмичкиот регион ќе бидат опфатени 1.282 завршени полуматуранти и 329 од соседните региони.

Покрај тоа, Советот одлучи да побара воведување нови образовни профили во трите средни училишта во Струмица, а планот за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта да го достави до Министерството за образование.

Следете a1on на Youtube YouTube

Советниците донесоа одлука за делумно ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежното земјиште за објекти со природни зелени покриви. Тие во последно време се голема потреба за зголемување на урбаното зеленило и за намалување на загадувањето во урбаните средини.

– Освен тоа, зелените покриви можат да апсорбираат и дел од атмосферските води, а со тоа да придонесат и за намалување на ударот на атмоферската канализација при поројни дождови, беше истакното во образложението на одлуката.

Советот едногласно го прифати барањето на градоначалникот Коста Јаневски за доделување еднократна парична помош за новороденче на подрачјето на Општина Струмица во 2018 година во нето износ од три илјади денари.

На денешната седница Советот на општина Струмица донесе одлука за доделување на еднократна парична помош на двајца граѓани, одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичка планска документација за проширување на плански опфат во катастарски парцели, а даде согласност и за обезбедување на финансиски средства за нови вработувања во ЈП „Паркиралишта-Струмица“ и Библиотеката „Благој Јанков Мучето“.

strumica

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 12:51

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски06/08/2026 - 14:2906/08/2026 - 14:37

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он02/08/2026 - 10:4702/08/2026 - 10:50

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Горан Наумовски19/07/2026 - 20:13

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он04/07/2026 - 15:4804/07/2026 - 15:34

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Предраг Петровиќ01/07/2026 - 20:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео