• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Во Струмица спортски ден под мотото „Еднакви права-еднаков пристап за сите деца“

by А1он07/06/2018 - 16:20146
Share0

Ученици заедно со наставници од Oсновното училиште „Видое Подгорец“ од Струмица организираа спортски ден под мотото „Еднакви права-еднаков пристап за сите деца“. На настанот учествуваа деца со и без пречки и преку спортски игри и натпревари го јакнеа чувството на единство и мотивација за спортување и заедничко натпреварување.

Добивај вести на вибер

Според Танкица Таукова од „Центарот на заедницата на општина Струмица“, која е носител на проектот, целта е инклузија на децата во училиштето, односно децата со попреченост да бидат вклучени во редовната настава.

– Преку проектот имаме и поттикнување на психофизичкиот развој кај учениците, како што е развивање на нивните моторички перцепции и набавка на опрема, односно давање на значење на предметот по физичко и здравствено образование и тој да не биде заменуван со други часови, рече Таукова.

Во рамки на проектот беа променети и вц шолји во санитарните јазли на училиштето „Видео Подгорец“ за потребите на учениците со попреченост, а се набавени и нагледни средства по предметот физичко и здравствено образоавние, кои ќе помогнат за развој на визио-моторната перцепција и координација кај учениците.

Проектот „Еднакви права-еднаков пристап за сите деца“, кој „Центарот
на заедницата на општина Струмица“ го имплементира во партнерство со училиштето, финансиски е поддржан од Фондација Отворено општество- Македонија (ФООМ).

strumica

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 10:1727/01/2026 - 14:24

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он24/01/2026 - 14:3824/01/2026 - 14:39

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Горан Наумовски25/12/2025 - 08:40

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски24/12/2025 - 11:2824/12/2025 - 11:44

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски24/12/2025 - 09:3124/12/2025 - 11:26

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен