Во Струмица се одржа симулативна вежба за спасување од земјотрес

Од:

Општинската организација на Црвен крст од Струмица заедно со општина Струмица, Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за за управување со кризи, СВР Струмица и Итната медицинска помош денеска организираше симулативна вежба за евакуација на вработените од општинската зграда во случај на земјотрес.

Според Маријана Тошева, секретар на ОО Црвен крст Струмица, целта на вежбата е да се подигне свеста кај граѓаните за сите можни катастрофи и кризи кои може да се случат и при тоа го одбележаа Светскиот ден на Првата помош.

– Нашето мото е секој треба да знае да дава прва помош и за тоа не ни треба лиценца. Сакаме да и порачаме на заедницата дека барем еден член од нашето семејство треба да биде обучен да знае да дава прва помош, рече Маријана Тошева, секретар на Црвен крст на Струмица.

Покрај евакуација на вработените од општинската зграда, пожарникарте демонстрираа извлекување на повредени од возило, кое беше „погодено“ од земјотресот. Припадниците на ТППЕ Струмица во вежбата учествуваа со осум пожарникари.

– Целта на вежбата е да да се направи проверка на вработените во општинската администрација, како и на пожарникарите кои се дел од силите за заштита и спасување на општина Струмица, рече командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Според него, вежбата била успешна, а пожарникарите за 17 минути успеале да ги извлечат „повредените“ од автомобилот со користење на специјални алатки за отстранување на делови од возилото.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија