Во Струмица се одржа Академија за локална самоуправа

Од:

Денес навршува третиот ден од Академијата за локална самоуправа која, во организација на Прогрес институтот за социјална демократија со поддршка на Фондацијата Фридрих Еберт, се одржа викендов во просториите на хотел Сириус, Струмица. Кандидатите за градоначалници кои СДСМ ги промовираше во текот на проектот „Работно лето“ имаа прилика да разменат знаења и искуства на тема „Менаџирање со општините и политичка комуникација на локално ниво“.

Академијата започна со отворена дискусија на тема „Процесот на децентрализацијата и искуствата од водењето на општините“ во рамките на која своите видувања ги изнесоа секретарот на СДСМ Андреј Петров како поранешен претседател на ЗЕЛС и поранешен градоначалник на Општина Карпош, потпретседател на СДСМ Зоран Заев како актуелен градоначалник на Општина Струмица, претседателот на Градска организација на СДСМ – Скопје Стевче Јакимовски како актуелен градоначалник на Општина Карпош и Никола Ќуркчиев, како поранешен претседател на ЗЕЛС и поранешен градоначалник на Гевгелија.

Согласно агендата, во рамките на вчерашниот ден за интеграциите и можностите на единиците на локалната самоуправа говореше поранешниот градоначалник и актуелен кандидат за градоначалник на Велес, Аце Коцевски. За различни теми од областа на јавните политики и проекти на локално ниво говореа потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, Јане Вртев и Ванчо Узунов од Економско-социјалниот совет на СДСМ.

По дискусијата на тема „Локален економски развој: меѓу можностите и потребите“ модерирана од страна на потпретседателот Јовановски, портпаролот на СДСМ Емилијан Станковиќ имаше прилика да го презентира сопственото излагање на тема „Локални избори: стратегија, кампањи и програми“.

На крајот од денот на кандидатите за градоначалници им се обрати претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски кој ја искористи оваа прилика да одговори и на повеќе прашања од учесниците во рамките на отворената дискусија.

Во текот на денешниот ден предвидени се повеќе работилници од областа на односите со јавноста кои ќе бидат реализирани под водство на еминентни експерти од областа на новинарството и новите медиуми.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски