Во Струмица се чистеа три диви депонии на Светскиот ден на чистење

Од:

На Светскиот ден на чистењето во Струмица се чистеа три диви депонии-една позади Градските гробишта и две меѓу населените места Баница и Водоча.

Градоначалникот Коста Јаневски и директорот на ЈПКД „Комуналец“,Зоран Горгиев со своите соработници, беа меѓу вработените на јавното претпријатие, кои рачно и машински ги чистеа локациите планирани за денешната акција.

– Решаваме еден горлив проблем што се провлекува со години во нашата општина и на кој сакаме да му ставиме крај и ја користам оваа прилика, од оваа акција, да апелирам до нашите граѓани по кој знае кој пат да внимаваат каде го фрлаат ѓубрето, апелирам на подигање на нашата свест за односот кон природата, во заштитата на нашата средина, изјави градоначалникот Јаневски.

Акцијата во Македонија е организирана од граѓанското здружение „Гоу Грин“ од Скопје и Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање, а е поддржана од Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски