Во Струмица се бараа решенија против говорот на омраза во јавниот дискурс

Од:

Во организација на здружението „НОВУС“ во просториите на домот на АРМ во Струмица се одржа работилница на тема „Како против говорот на омраза во јавноста – право, пракса, примери, решенија“.

На работилницата учествуваа околу 20 млади луѓе, кои што преку интеракција и работа во групи идентификуваа говор на омраза во јавноста, како се поднесува жалба до комисијата за жалби при советот на етика и како да се реагира институционално и јавно. Воедно беа опфатени и законските аспекти, како и саморегулацијата за говорот на омраза во јавноста.

„Најпрвин да им се благодарам на колегите од здужението „НОВУС“ што не поканија да одржиме работилница за говор на омраза. Се фокусиравме на правните аспекти, на примерите од Македонија и од странство, како медиумите ја конструираат реалноста, како ги создаваат стереотипите и како тоа преминува во говор на омраза. И секако целта е да се покаже како и на кој начин младите можат да го препознаат говорот на омраза, да реагираат институционално, да ги информираат граѓаните и да создадат акции за оваа тема да стане видлива и разбирлива за граѓаните и сите здружено да се дејствува говорот на омраза да биде што помалку застапен во јавноста. Навистина е одлична прилика што сме во Струмица, бидејќи се работи за град каде што има развиен граѓански сектор, а ова е навистина важно за граѓаните, каде што преку дебата и јавна расправа потребно е да се изнаоѓаат решенија против говорот на омраза во јавниот дискурс“, истакна Петрит Сарачини, програмски раководител на МИМ.

Инаку, од здружението „НОВУС“ најавија дека ќе продолжат со организирање на работилници и јавни трибини каде што граѓаните ќе имаат можност да се запознаат и информираат за разни аспекти од општественeта сфера.

Би можело да ве интересира

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Жители од Турското маало во Струмица протестираа заради високи сметки за струја

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица