Во Струмица презентиран проект за алтернативен туризам

Од:

Во Струмица синоќа беше презентиран проектот за развој на алтернативните форми на туризам, финансиран од средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка.

Беа претставени 20 тридимензионални спотови за пешачки патеки од вкупно 25-те мапирани на територијата на општина Струмица.

– Заедно со партнерите од општина Лерин, Република Грција, во изминатиот период работевме на откривање и понуда на алтернативните форми на туризам. Како резултат на тоа, сега на располагање имаме 25 пешачки патеки, како понуда до сите туристи. Со реализација на проектот ги зацврстуваме и пријателските односи и соработка на граѓаните од двете општини и го градиме капацитетот за реализација на идни заеднички проекти, истакна градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

На презентацијата присуствуваа и Јаромир Левиче од Делегацијата на ЕУ во Македонија и претставникот на носителот на проектот во Лерин, Василис Ампас.

Во рамки на презентацијата премиерно беше прикажан и документарниот филм „Дојди во Струмица“ во продукција на „Глобал медија“, како и новиот веб-портал „Дојди во Струмица“.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски