Во Струмица одбележана годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

Од:

Пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица со пригодна програма и полагање цвеќе беше одбележана 115 годишнината од неговото загинување.

За животот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење зборуваше градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.

– Долг е списокот од револуционерни имиња и презимиња кои ја задолжиле татковината со своето дело, но се чини дека името на Гоце Делчев го заслужи самиот врв. Неговата кратка, но исклучително богата животна патека, е исполнета со бројни револуционерни стории, кои оставиле неизбришливи траги во македонското минато, за да имаат и свои рефлексии и во македонската сегашност. Токму затоа, животот и делото на Гоце Делчев треба да бидат сочувани во нашата колективна меморија и да се пренесуваат од колено на колено, на сите идни генерации кои ќе се родат на ова наше македонско тло, рече градоначалникот Јаневски.

Рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица рецитираа револуционерна поезија, а цвеќе пред споменикот на Делчев положија претставници на локалната самоуправа, институции, политичи партии и граѓани.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски