Во Струмица легализирани 1.619 дивоградби

Од:

„Согласно законот за постапување со бесправно изградени објекти, секторот за урбанизам и комунални дејности при општина Струмица издал 1.619 конечни решенија за легализирање на дивоградби, а 25 барања се одбиени. За 3.536 предмети документацијата е комплетирана со доставени елаборати, врз основа на кои за 1.972 предмети е изработена урбанистичка согласност со пресметка за плаќање на такса за легализација. Според, Стојан Динев, раководител на секторот за урбанизам и комунални дејности, разликата меѓу издадените пресметки и урбанистички согласности во однос на издадените конечни решенија, укажува дека барателите за легализација ја имаат примено пресметката, меѓутоа, се уште од нив се чека потврда за платена такса за легализација.

Дека граѓаните бавно ги исполнуваат своите обврски во легализацијата на бесправно изградените објекти, потврдува и фактот дека за период од четири години за вкупно поднесените 9.307 барања, досега се доставени само 3.536 елаборати. Тоа значи дека само 30 насто од подносителите на барањата го завршиле овој дел од постапката за легализација.

Од секторот за урбанизам и комунални дејности, апелираат до граѓаните да ја завршат започнатата постапка, односно да ја комплетираат документацијата и да ја платат таксата, за да може побрзо да се решаваат барањата за  легализација на дивоградбите во општина Струмица“, се вели во соопштението на Општина Струмица.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите