Во Струмица ќе се одржи првата сесија од граѓанскиот буџетски форум

Од:

Вечерва, во 18 часот, во домот на АРМ во Струмица ќе се одржи првата сесија на Граѓанскиот буџетски форум во организација на општината и Центарот на заедницата.

Граѓаните кои ќе присуствуваат на форумската сесија, ќе имаат можност да ги проследат планираните програми и проекти за 2017 година, да дискутираат по нив, но и да предлагаат свои проекти во рамките на програмите, велат организаторите.

– Станува збор за осум програми, и тоа: Улици и патишта, Локален економски развој, Уредување рурални подрачја, Образование, Социјална заштита, Уредување градежно земјиште, Култура и Спорт. Покрај тоа, ќе биде извршена презентација на досегашното извршување на буџетот за 2016 година, како и презентација на Развојните програми како дел од предлог буџетот за 2017 година, вели Кирил Парталов, секретар на Општина Струмица.

Струмица, според локалните власти, е прва Општина во државата која го практикува партиципативното носење на буџетот, во кое главен збор имаат граѓаните и нивните предлози за реализација на проекти кои се од витално значење за развојот на општината и подобрување на квалитетот на нивното живеење.

-Граѓанските буџетски форуми во општина Струмица се одржуваат веќе петта година, а пред тоа, Општината секоја година одржуваше јавни собири во сите месни и урбани заедници, додаде Парталов.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски