Во Струмица две илјади ученици вежбаа евакуација од земјотрес

Од:

Над две илјади ученици и нивните наставници и професори од ОУ„Сандо Масев“ и Гимназијата „Јане Сандански“ од Струмица денес вежбаа евакуација од земјотрес.

Според Маријана Тошева, од Општинската организација на Црвен крст, кој ја организираше денешната вежба, повеќе лица според сценариото останале заглавени на повисоките спратови во училиштата и не можеле безбедно да се евакуираат.

– Беше поставен специјален душек од страна на ТППЕ Струмица преку кој со скокање врз него се спасуваа заглавените лица во случај на земјотрес, а екипи на Црвениот крст укажуваа прва помош, вели Маријана Тошева.

Додаде дека едукацијата на учениците е најважно да се реализира уште од најрана возраст, бидејќи кризите и катастрофите не може да се предвидат и затоа треба да се врши едукација и на сите категории граѓани.

Најави продолжување на вежбите за евакуација во случај на земјотрес и во другите училишта во општина Струмица.

Во денешната вежба учествуваа пожарникари од ТППЕ Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Итната медицинска помош и волонтери на Црвениот крст.

Вежбата за евакуација од земјотрес се реализира во двете смени во двете училишта.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски