Во Струмица дебата за подобрување на статусот на ЛГБТИ заедницата

Од:

Дебата за подобрување на статусот на припадниците на ЛГБТИ заедницата, како дел од проектот финансиран од УСАИД се одржа денеска во Струмица.

На настанот учествуваа претставници од СВР Струмица, од Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените при Општина Струмица, како и претставници на телото за недискриминација и активнисти на невладини организации.

Програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Кочо Андоновски вели дека ова е обид да се отвори дебатата на локално ниво.

– Сакаме на широко да ја отвориме оваа дебата. Ние десет години живеевме во авторитарен режим кој беше доста агресивен кон ЛГБТИ заедницата. И оваа иницијатива, иако како прашања се нови, ЛГБТИ и луѓето се отсекогаш тука. Ние сакаме да ги отвориме, најнапред со институциите, а после со пошироката публика, затоа што само со разговори може да се надминат предрасудите, рече Андоновски.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Трамп ги забрани ЛГБТ знамињата во амбасадите

Предраг Петровиќ

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ