Во Струмица 550 првачиња седнаа во училишните клупи

Од:

Почна првиот училишен час во Општина Струмица каде што во деветте основни училишта 550 деца станаа првачиња. Според евиденцијата во Одделението за образование во општината, најмногу, 122 првачиња се запишале во училиштето „Видео Подгорец“ во Струмица, а најмалку, само 11 во „Гоце Делчев во Вељуса“.

Во централните основни училишта запишани се 451 дете, а во петнаесетте подрачни училишта по населените места, новозапишани се 99 ученика.

На централната прослава успех на првоодделенците им посака градоначалникот Зоран Заев.
– Денеска е важен ден за вас, ден кога го исчекорувате првиот чекор кон патот на образованието. Пат кој води до крајната цел, да бидете високопочитувани граѓани на нашето општество од кои зависи иднината на Македонија. Дали ќе успеете зависи само од вас. Затоа ве советувам да бидете вредни, трудољубиви ученици, рече Заев.

Инаку, оваа учебна година во споредба со лани, во општина Струмица се запишани 20 првачиња помалку, покажуваат бројките во Одделението за образование.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите