Несреќа во Струга: Погина момчето на пеачката Биг Мама

Од:

Момче на возраст од околу 28 години се удави денес после 18 часот на плажата Конак во Струга. Неофицијално станува збор за дечкото на албанската пејачка Биг Мама.

Според кажувањата на очевидци настанот се случил откако се превртел скутерот на кој што се возеле пејачката и нејзиното момче кое било од Тетово, а кое живеелo во Данска.

Момчето удрило со главата во скутерот, а од силината на ударот веднаш потонало на 6 метри длабочина во Охридското езеро. После 15 минути на помош со друг скутер пристигнале луѓе и спасителите на плажата кои успеале да го извадат телото.

Тука веднаш била пружeна прва помош и извршен обид за реанимација преку масажа на срцето но неуспешно. Момчето потоа со брза помош е пренесено во струшката болница каде лекарите констатирале одредена срцева активност, но обидот да се спаси момчето бил неуспешен.

Тој починал околу 20 часот. Според информации на А1 Биг Mама доживеала срцев стрес и во моментов се наоѓа на интензивна нега во болницата во Струга. Она што за сега се знае дека станува збор за извесен Лирим од тетовското село Добреште.

Од СВР Охрид не сакаа да коментираат ништо под образложение дека во тек бил увидот на лице место.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски