Во Струга само четири плажи имаат спасители на вода

Од:

Само четири плажи во Струга и струшко имаат ангажирано спасители на вода, за поголема безбедност на капачите во водите на Охридското Езеро.

Секретарот на општинската организација на Црвен крст – Струга, Адуриме Даути, информира дека до сега спасители на вода ангажирале градските плажи „Версус“ и „Дада“ , автокампот Ливадиште и хотел „Изгрев“ за плажата и аквапаркот.

– Оваа туристичка сезона само десетина спасители склучија договор со концесионерите на плажите, вклучувајќи го и аквапаркот во хотел „Изгрев“. Останатите плажи не се обезбедени со обучени спасители на вода, изјави Даути.

Изминатите години, додаде, уште три – четири градски плажи ангажирале спасители на вода, но не е позната причината зошто и годинава не го направиле тоа.

– Капачите да внимаваат додека се забавуваат во водите на Охридското Езеро и да се свесни на ризикот со кој може да се соочат. Посебно апелирам до капачите кои го користат речното корито на Црн Дрим, бидејќи тоа не е дозволено за капење, нагласи Даути.

Изминатите години спасителите на Црвнеиот крст интервенирале во повеќе наврати при исекотини, топлотни удари, но и кај давеници.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски