Во Струга прв Симпозиум за первазивни развојни нарушувања

Од:

Во Струга денеска ќе почне првиот меѓународен Симпозиум за первазивни развојни нарушувања „Научни достигнувања во функција на практиката“.

Дводневниот симпозиум го организираат Сојузот на дефектолози и Универзитетската клиника за детски болести во соработка со Филозофскиот и Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Покровител на настанот е Министерството за здравство.

На симпозиумот ќе се разговара за клиничките стратегии и трендови во рехабилитацијата на первазивни развојни нарушувања, воспитанието и образованието, како и социоекономските аспекти на лицата со вакви нарушувања.

Целта е да се зајакне комуникацијата на едукаторите, истражувачите, медицинските лица и родителите, да се разменат искуства и сознанија и да се дадат предлози за унапредување на дијагностиката и рехабилитацијата и едукацијата на децата со первазивни развојни нарушувања.

Во рамки на симпозиумот ќе се одржат и две работилници на кои ќе се дебатира за третманот и поуспешното дејствување при состојби на непожелно однесување кај децата со Аутистичен спектар, како и формите за унапредување на учењето во процесот на совладување на нови знаења во тек на рехабилитацијата и едукацијата.

Би можело да ве интересира

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Биљана Ангелова резбрана за ректорка на УКИМ

Горан Наумовски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ

Катерина Ѓуровски