Во Струга ќе се одбележи 70-годишнината од формирањето на Првата Македонска бригада

Од:

Во организација на струшкиот музеј „Доктор Никола Незлобински“, денеска во Спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга ќе се одржи свечена академија по повод јубилејот – 70 години од формирањето на Првата Македонска народноослободителна ударна бригада.

Во рамките на академијата, ќе биде промовирана новата изложбена поставка на бригадата, како и монографијата со наслов „Борбениот пат и традициите на Првата Македонска народноослободителна ударна бригада“ од професорите Ѓорѓи Чакарјановски и Тодор Чепреганов. Ќе биде прикажан и документарниот филм  посветен на бригадата чиј автор е Димче Ратајковски.

Учесниците ќе одржат и тркалезна маса посветена на помалку познатите детали околу патот на бригадата, а професори од Институтот за национална историја  ќе ја предадат целокупната изворна документација за бригадата на музејот „Д-р Никола Незлобински“.

Се очекува вечерашниот собир да го отворат претставници на Министерството за одбрана на Република Македонија, како и на Сојузот на борци од НОВ и струшката боречка организација.

Првата Македонска народноослободителна ударна бригада е формирана на 8 јуни 1944 година во струшкото село Локов, од страна на македонските батаљони кои дотогаш се бореа во составот на прославената Прва Македонско-косовска ударна бригада.

Би можело да ве интересира

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Поети од пет земји ќе учествуваат на литературната манифестација „Бранувања“ во Струга

А1он

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ