Во Старо Нагоричане најмногу гласови за СДСМ

Од:

Од вкупниот број гласачи на вчерашните локални избори во Старо Нагоричане, 2.153, кандидатот за градоначалник од СДСМ Жаклина Јовановска доби 955 гласови, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Елена Јаќимовиќ 572, а кандидатот од Народно движење за Македонија (НДМ) Милош Стојмановски 554.

Како што соопшти претседателот на Општинската изборна комисија Драган Јовановски, неважечки биле 72 ливчиња.

– Во однос на советничките листи, важечки се 2.153 ливчиња, а 84 се неважечки. За советничката листа на НДМ и нејзиниот носител Тони Митровски гласале 276 лица, за носителот од коалицијата „За подобра Македонија“ Игор Душановски 481, за носителот на Левица Петар Диклиќ 89, за коалицијата предводена од СДСМ Јовица Јанчиќ 808, а за група избирачи Саша Алексиќ гласале 415 избирачи, изјави Јовановски.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ