• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Во среда ќе се знае иднината на Вилма Русковска

by Кристијан Ландов22/08/2022 - 13:4513/09/2022 - 16:231021
Share0

Во среда ќе се знае судбината на суспендираната обвинителка Вилма Русковска, која е и шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолески ја закажа седницата на која единствена конкретна точка за разгледување е жалбата од обвинителката. Иако е член, на седницата не е поканет, ниту ќе присуствува државниот обвинител Љубомир Јовески, бидејќи тој ја донесе одлуката да оддалечување на Русковска од обвинителската функција.

Добивај вести на вибер

„Разгледување и решавање по жалбата СОЖ бр.5/22 на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК, г-ѓа Вилма Русковска“, стои на дневниот ред.

Детали од жалбата на Русковска не се откриваат. Таа стигна во рацете на седумте членови на Советот на јавни обвинители. Жалбата беше поднесена во петокот, а Русковска е убедена дека ги побива сите аргументи на Јовески со кои ја суспендираше. Како причина беше наведено тоа што против Русковска се води кривична постапка, а по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за претресот, кој не бил направен согласно закон.

За Русковска, нејзиното суспендирање значи и суспендирање на правото и правдата во државата. Таа кажа дека ваквата одлука е притисок врз неа, кој ќе влијае и на колегите кои водат случаи за висока корупција.

vilma ruskoska

Би можело да ве интересира

Вилма Русковска не е повеќе јавен обвинител – Советот на обвинители едногласно ја разреши од функцијата

Анита Петровска Рајковиќ23/11/2023 - 12:1123/11/2023 - 12:21

Русковска по потврдената супспензија: На ни еден предмет не сум влијаела, можете да прашате било кој обвинител

Кристијан Ландов24/08/2022 - 12:3602/09/2022 - 10:08

За најмногу 60 дена Русковска ќе може да се врати на работа, а ќе остане суспендирана поради можноста да влијае

Кристијан Ландов24/08/2022 - 12:2002/09/2022 - 10:08

Русковска го прогласи Јовески за ненадлежен: Дали претресот e законски одлучува судот

Кристијан Ландов01/08/2022 - 14:5701/08/2022 - 16:34

За малку пари никој не сака да биде истражител кај Русковска и Рајчев    

Васко Маглешов22/11/2019 - 09:1522/11/2019 - 14:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен