Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

Од:

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Трошки за здруженија на граѓаните во општинските буџети“ кое открива дека општините преку буџетската ставка 463 – наречена „Трансфери до невладини организации“ во 2022 година доделиле 6,6 милиони евра. Притоа, над 90 % од парите се доделени на спортските клубови, кои се миленици на локалните власти и во одредени општини добивале и по еден милион евра годишно.

Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:

– Здруженијата на граѓани и фондации не ја добиваат потребната финансиска поддршка од општинските буџети. Во просек, општините во 2022 година доделиле за здруженијата на граѓани само 0,1 % од своите буџети.

– Со исплатите на средства кон професионалните спортски клубови преку буџетската ставка 463 – Трансфери на невладини организациисе создава искривена слика дека поддршката на здруженијата на локално ниво е поголема од реалното.

– Просечната вредност на доделените средства за здруженија на граѓани од општинитево 2022 година изнесува скромни 75 илјади денари, а за спортските клубови шест ипол пати повеќе односно просечно по 488 илјади денари.

– Најголем дел од парите што се доделени за НВО се за проекти од областа на социјалната заштита, по што следат проекти од областа од културата и на животната средина. Речиси и да нема проекти од областа на доброто владеење, со што се оневозможува здруженијата на граѓани да дадат придонес во борбата против корупцијата и кон зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалните власти.

– Јавните повици за доделување финансиска поддршка за НВО се објавуваат на веб-страниците на општините. Но, во нив, најчесто, не се наведени целите на повикот, висината на средствата, ниту критериумите за избор на предлог-проектите.

– Голем дел од општините не ги објавуваат јавно имињата на организациите кои добиле буџетска поддршка, ниту износот на доделените средства и нивната намена. А, не се бараат од примателите на средствата ниту да доставуваат извештаи за реализацијата на проектите. Со овој пристап општините не овозожуваат транспарентен и фер пристап до средствата, како и увид во начинот на кои тие се трошат – со што се отвора простор за злоупотреби и корупција.

Ова истражување е изготвено во рамките на проектот „Заштита од корупција“ со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, во периодот од 1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година.

Би можело да ве интересира

За пејачи и изведувачи општините трошат еден милион евра годишно

Катерина Ѓуровски

Реакција од Општина Гази Баба на истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Два милиони евра годишно исплаќаат општините и министерствата за адвокатски услуги

Катерина Ѓуровски

Податоците за вистинските сопственици на фирмите во земјава не се користат во борбата против корупцијата

Мицкоски: Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции

Јавните набавки во 2023 година достигнаа рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција во последните 10 години